Етиолошкиот причинител за trichomoniasis е протозоата T. vaginalis. Некои мажи кои се инфицирани со T.vaginalis немаат никакви симптоми, додека други имаат нон-гонококални уретритиси. Некои инфицирани жени имаат карактеристични симптоми за оваа состојба: дифузен, смрдлив, жолто-зелен исцедок проследен со вулварна иритација. Но, многу жени имаат минимални или никакви симптоми. Заради високата преваленца, за T.vaginalis треба да се направи тестирање кај жени кои се обраќаат на лекар заради вагинален исцедок. Скрининг за T.vaginalis може да дојде предвид кај оние со висок ризик
(на пример, жени со нови или мултипни партнери, со историја за СПБ, проститутки, употреба на инјекциони дроги). Дијагнозата се поставува микроскопски, но, сепак, овој метод има 60-70% осетливост, а треба да се направи веднаш. Постојат и комерцијални тестови,но осетлива и високоспецифична метода е култура на T.vaginalis. Кај жени кај кои се сомнева за трихомонијаза, а истата не може да се потврди микроскопски, вагиналниот секрет треба да се култивира за T.vaginalis. Сензитивноста на конвенционалниот ПАП тест е ниска, додека liquid-based тестот покажува подобрена сензитивност. Сепак, лажно-позитивни тестови може да се појават, па е потребна потврда во некои случаи. Постои и PCR – базиран тест за детекција на T.vaginalis од вагинален и цервикален брис и урина од жени и мажи (сензитивност од 88 до 97%, специфичност од 98 до 99%).
Кај мажи, нативната микроскопија не е сензитивна, па дијагностичка опција е култура на урина, уретрален брис и сперма. Сепак, NAAT (PCR) имаат супериорна сензитивност во дијагноза на T.vaginalis kaj мажи. Орално и ректално тестирање за T.vaginalis не се препорачува (не инфицира усна празнина, ниска ректална преваленца). Треба да се третираат сите сексуални партнери со еден од наведените режими со избегнување на сексуални односи до излекувањето.Пациентките кои се ХИВ позитивни и се инфицирани со T.vaginalis треба да добијат ист третман како и ХИВ негативните пациентки со трихомонијаза. Вулвовагинална кандидијаза (ВВК) Најчесто е предизвикана од Candida albicans, но понекогаш и од останатите Candida sp. Или други габички. Типичните симптоми вклучуваат чешање и вагинален исцедок. Останати симптоми се вулварно горење, диспареунија, екстерна дизурија. Ниеден од овие симптоми не е специфичен за ВВК. Околу 75 % од женската популација има искусено ВВК, додека 40 до 45% имале повеќе од една епизода. Врз основа на клиничката презентација, микробиолошките тестови и исходот од терапијата, ВВК може да биде комплицирана или некомплицирана.
Околу 10 до 20% од пациентките имаат комплицирана ВВК која бара дијагностички и терапевтски мерки.
Дијагнозата за Candida vaginitis се поставува веќе при клиничкатаманифестација: екстерна дизурија и пруритус, болка, оток и црвенило. Може да има и вулварен едем, фисури, екскоријации и густ, белузлав исцедок. Дијагнозата кај жена со знаци и симптоми на вагинитис се поставува со 1) нативен препарат (физиолошки раствор, 10% KOH) или боење по Грам кое ги покажува габите, хифите или псеудохифите или 2) култура или други тестови кои го покажуваат специесот. Candida vaginitis е асоцирана со нормален вагинален pH (помал од 4,5), затоа pH тестирање не е од корист при дијагнозата. Користење на 10% KOH кај нативните микроскопски препарати ја подобрува визуелизацијата на габите и мицелиумите со дизрупција на целуларниот материјал кој може да ги прикрие габите или псеудохифите. Преглед на нативен препарат со KOH треба да се направи кај сите жени со симптоми и знаци за ВВК, а оние со позитивен резултат треба да се третираат. За оние со негативен резултат, но со симптоми треба да се земе предвид култивација за Candida. Ако нативниот препарат е негативен, а не може да се направи култура, треба да се земе предвид емпириски третман за симптоматски жени со кој било знак за ВВК при прегледот. Идентификацијата на Candida со микробиолошка култура во отсуство на симптоми не е индикација за терапија, затоа што приближно 10 до 20% од жените носат Candida sp. или останати габички во вагината. ВВК може да се појави со друга СПБ. Кај најголемиот број здрави жени со некомплицирана ВВК не може да се
идентификува преципитирачки фактор. Краткотрајни топични формулации (на пример, единечни дози и режими во траење од 1 до 3 дена) ефективно ја третираат некомплицираната ВВК. Кремите и вагиналетите се на масна база и можат да ги ослабнат латекс кондомите и дијафрагмите. Терапијата може и сама да ја ординира пациентката ако претходно имала дијагностицирано ВВК со истите симптоми,но ако после терапијата нема повлекување на симптомите или истите
рецидивираат во рамки на 2 месеца после терапијата, треба да се побара стручно мислење. Непотребно и несоодветно земање на терапијата на својарака бидејќи може да доведе до доцнење во третманот на други етиолошки
причинители и несакани клинички исходи. Контролни прегледи се потребни само ако симптомите перзистираат после
терапијата или рецидивираат во склоп на 2 месеца од почетокот на симптомите.
ВВК не е типично пренослива болест со сексуален однос, па третманот на сексуалниот партнер не е препорачлив. Многу мал број на мажи може да има т.н. balanitis кој се карактеризира со еритематозни ареи на glans penis со појава на чешање и иритација. Најдобро е да се примени локална антифугална терапија. Рецидивирачки вулвовагинални кандидијази (РВВК) се дефинира како четири или повеќе епизоди на симптоми на ВВК во текот на една година, афектира мал број од женската популација – помалку од 5%. Патогенезата не е многу јасна за овие рецидивирачки епизоди, затоа што повеќето од пациентките немаат предиспозиции за нив. Потребно е да се реализираат вагинални микробиолошки култури за да се потврди клиничката состојба или да се идентификуваат нови специеси на габички, non-albicans species, посебно
Candida glabrata (оваа габа не формира хифи и псеудохифи и не е лесно да се идентификуваат микроскопски). C. glabrata и останатите non albicans Candida species се најдени кај 10 до 20% од пациентките со РВВК. Конвенционалните антимикотици не се толку ефикасни врз останатите специеси како врз C. albicans. Тежок вулвовагинитис (екстензивна вулварна еритема, едем, екскоријација и формирање на фисури) има послаб тераписки одговор на кратки дози на локална и орална терапија.
Пациентки со дебилитирачки состојби (на пример, неконтролиран дијабетес или пациентки на терапија со кортикостероиди) нема да дадат добар одговор на кратките третмани. Кај нив е потребна конвенционална подолготрајна терапија (7-14 дена).
ВВК е честа појава во текот на бременоста. Инциденцата на ВВК кај ХИВ инфицирани жени е непозната. Колонизацијата на Candida кај ХИВ позитивните е поголема отколку кај ХИВ негативните. Симптомите се почести кај ХИВ позитивните и се од потежок карактер заради имуносупресијата. Врз основа на досегашните информации, терапијата не треба да се разликува
од таа кај ХИВ негативните.