Во училиштето за психофизичка подготовка на бремени жени работи тим на ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акуерство – Скопје, составен од искусни доктори и искусни акушерки кои на идните мајки и татковци им го претставуваат она што ги очекува до крајот од бременоста.

Училиштето за бремени жени кое функционира во рамки на Клиниката за гинекологија и акушерство, е сместено на приземје во зградата на ЈЗУ У ГАК. Училиштето е формирано во ноември 2003 година и досега низ него минале повеќе од 10.000 мајки.

Часовите се одржуваат еднаш неделно со почеток од 18 часот, четири пати во месецот. Вежбите се закажуваат од 28 гестациска недела. Телефон за закажување е 078/485- 364, 078/485-356, до 16 часот.

Идните мајки училиштето може да го посетуваат заедно со своите партнери или со секој оној кој може да им пружу поддршка во текот на тој значаен период низ кој поминува трудницата.

Психички и физички добро подготвената идна мајка е секогаш подобро соработлив пациент поради добиените информации, техниката на дишење која се совладува преку овие предавања и вежби. Посетувањето на училиштето е бесплатно!