Многу новороденчиња во првата недела покажуваат мало пожолтување на кожата. Речиси кај 70 отсто од нив се дијагностицира жолтица уште во првите денови. Но, 90 отсто од нив се со физиолошка жолтица, а само 10 отсто се со патолошка жолтица. Оваа состојба не треба да ги загрижува родителите, затоа што физиолошка жолтица исчезнува за неколку дена. Жолтицата не е болест, тоа е синдром, поточно комплекс на симптоми, кои доведуваат до пожолтување на кожата и на мукозните мембрани.
Жолтицата се појавува поради акумулација на жолчниот пигмент на билирубин во крвта (хипербилирубинемија), а потоа и во ткивата. Колку е помала телесната тежина, толку е помала содржината на билирубин во крвта. Во најголемиот број случаи на физиолошка жолтица, на новороденчињата им се дава да пијат многу вода, но доколку концетрацијата на билирубините е висока се преминува на наредата фаза, а тоа е фототерапија, при која новороденчињата се изложуваат на ултравиолетово зрачење.
Третманот се врши во специјални простории под светилки, каде голото новороденче, на кое му се заштитени само очите, се изложува на ултравиолетова светлнина најмалку 12 часа на ден. Кај новороденчињата со тежина од 2,5 кг. или повеќе, терапијата со светлина започнува на ниво на билирубин од 255-295 μmol / l, а бебињата со телесна тежина помала од 1,5 кг. веќе 85-140 μmol / l.
Фототерапијата му помага на црниот дроб во прозиводството на хемиските супстанции потребни за обработка на билирубин. Фототерапијата не предизвикува никаква штета за здравјето на новороденчето, но сепак таа треба да ја спроведува стручен лекар кој го одредува третманот и ја следи терапијата.