Пред почетокот на Олимписките игри 2024 година во Париз беше спроведено истражување за репродуктивното здравје меѓу 206 земји кои се натпреваруваа ова лето, каде што некои од спортските гиганти беа симнати од тронот.
Олимписките игри кои завршија на 11 август ова лето имаа фокус на менструацијата повеќе од кога било, благодарение на зголеменото истражување и вниманието на медиумите за тоа како менструалните циклуси влијаат на перформансите на спортистките, подложноста на повреди и на состојбата на умот. Дури и опремата на натпреварувачките тимови беше изменета на некој начин, за да им се овозможи на спортистките со менструација да се чувствуваат поудобно за време на натпреварот.
Но, и покрај сите овие промени, има уште долг пат пред жените да почувствуваат вистинска поддршка во нивните спортски кариери.
Според резултатите од истражувањата фокусирани на оваа состојба, нациите кои вообичаено ги држат првите места во спортот, како што се САД и Кина, во рангирањето за менструацијата, паѓаат на дното на првите 20, изедначена со Италија, Аргентина, Унгарија и Германија.
На врвот на табелата е Швајцарија, благодарение на нејзините културни ставови за отвореност и пристапност во сферите на контрацепција, јавното здравје, прогресивните стандарди на работното место и сеопфатното образование (и за девојчињата и за момчињата).
Мора да се поттикнат целосно отворени, позитивни дискусии за менструацијата меѓу спортистите, за спортските хероини да имаат бенефит од тоа.
Еве некои од досегашните придобивки:
– Хедер Вотсон – британска тенисерка која отворено зборуваше за предизвиците на натпреварувањето додека беше во менструален период, особено во традиционалната бела облека на Вимблдон. Овие правила оттогаш се релаксирани и на женските играчи сега им е дозволено да носат темни шорцеви;
– Лавовите – женската фудбалска репрезентација на Англија водеше отворен разговор за менструацијата, се согласи да ја усогласи бојата и дизајнот на нивните шорцеви со нивниот добавувач на комплети и лобираше спортот итно да ги реши врските помеѓу менструалниот циклус и ACL и другите повреди;
– Дина Ашер-Смит – таа урна големо табу со тоа што отворено ги поврза своите слаби перформанси со менструацијата и повика на потреба од поголемо вложување во спортската наука во таа тема.
– Ејлиш МекКолган – шкотска спортистка е страстен застапник за разбивање на стигмата околу менструацијата. Имајќи предвид дека таа страдала од болни менстуални циклуси кои сериозно влијаеле на нејзината способност да се натпреварува. Таа ги учи младите спортистки да ги разберат сопствените тела без стигма.
Земјите треба да се фокусираат во пет клучни области, кои се:
– Пристап до производи за менструална хигиена (вклучувајќи цена, оданочување, опсег и достапност на приватни и безбедни тоалети);
– Стигма околу менструацијата (вклучувајќи културни ставови и медиумско претставување);
– Контрацепција и пристап до абортус (вклучувајќи го законодавството, лесен пристап до контрацепција и либерални ставови);
– Стандарди околу менструацијата на работното место – вклучувајќи спортски професии (како боледување и слободни денови);
– Образование за менструацијата (вклучувајќи пристап до ресурси и образовни стандарди).
Иако има напредок во истражувањето и разбирањето за тоа како менструалните циклуси влијаат на спортистките, останува фактот дека постои итна потреба за промени ширум светот. Речиси половина (42%) од спортистките велат дека нивните менструации биле фактор во нивната одлука дали да продолжат професионално да се занимаваат со спорт.
Повикот од неодамна завршената Олимпијада 2024 година е дека неопходно е колективно да се продолжи да се почитува и да се поддржува секоја спортистка која покажува храброст да ги повика медиумите, спортските институции, па дури и светските влади одговорни за репродуктивното здравје на жените – во корист не само на нивниот спорт, туку и на жените со менструација ширум светот.