Промоција на „Фактори на ризик за настанување, дијагноза и третман на CIN“ од проф. д-р Горан Димитров

На глобално ниво, ракот на грлото на матката е четврт најчест рак кај жените, со околу 600.000 нови случаи во 2022 година. Истата година, околу 94% од 350. 000 смртни случаи предизвикани од рак на грло на матката се случиле во земјите со низок и среден приход. „Ракот на грлото на матката несразмерно ги погодува…

Медицински тим на ГАК на напредна лапароскопска обука во болницата „Св. Лука“ во Солун

Дел од пресоналот предводен од директорката на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев, присуствуваше на напредна обука организирана во болницата „Св. Лука“ во Солун. – Беше големо задоволство да учествувам на Напредниот лапароскопски курс организиран од Олимпус, што се одржа во болницата „Св. Лука“ во Солун. Импресивна програма, врвни едукатори…

(ВИДЕО) На ГАК се враќа интервенцијата за уринарна инконтиненција

Проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев, директорка на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по посетата на 50-тиот интернационалниот конгрес во Барселона најави воведување на современи методи кои ќе бидат воведени и на ГАК од доктори профилирани за овие интервенции. За три месеци доктори од ГАК стамостојно направиле 15 интервенции. Станува збор за минимално…

(ВИДЕО) Најавено комплетно реновирање и реконструкција на амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети на ГАК

Со цел унапредување на здравствените услуги и обезбедување на поквалитетна и побрза здравствена заштита за пациентките ќе биде реализирана значајна инвестиција на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство. Инвестицијата која ја најавуваме опфаќа комплетно реновирање и реконструкција на просториите како што се чекалните, амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети во износ од 29.000.000 денари, со што…

ПРОФ. Д-Р АЛЕКСИОСКА ПАПЕСТИЕВ Зголемувањето на капитацискиот бод за 33 отсто на матичните гинеколози е сериозна инвестиција на Владата која стимулира тие да се посветат на скрининг програмата

На денешната панел дискусија на тема „Влијанието на зголемувањето на капитацијата врз примарната здравствена заштита“, проф. д-р Ирена Алексиоска Папестиев, директорка на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, во однос на позицијата на матичните гинеколози при раната детекција, односно превенција, изјави: – Примарната здравствена заштита во гинекологијата и акушерството претставува исклучително важна алка…

(ГАЛЕРИЈА) ЈЗУ У ГАК ВОВЕДУВА МИНИМАЛНО ИНВАЗИВНИ ХИРУРШКИ МЕТОДИ ЗА ТРЕТМАН НА УРИНАРНА ИНКОНТИНЕНЦИЈА

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се одржа првата стручна работилница за минимално инвазивен третман на пациентки со уринарна инконтиненција предводена од доц. д-р Мија Благање од Клиниката за гинекологија и акушерство во Љубљана, Словенија. Стручната работилница е резултат на билатералната соработка што директорката на ЈЗУ У ГАК-Скопје, проф. д-р Ирена Алексиоска…

(ВИДЕО) Промовиран е првиот интегриран учебник „Гинекологија и акушерство“ на македонски јазик

За добра едукација на студентите, освен добри професори, потребна е и квалитетна литература. Првиот интергриран учебник на македонски јазик „Гинекологија и акушерство“ е значаен чекор кон унапредувањето на медицинското образование. И во ова време кога студентите одлично владеат барем еден странски јазик, учењето на мајчиниот – македонски јазик овозможува најефективно стекнување трајни знаења, порача министерката…

Клиниката воведува бесплатен скрининг на рана прееклампсија

На Клиниката за гинекологија и акушерство до крајот на оваа година ќе се воведе бесплатна скрининг програма за рана прееклампсија која е една од причините за предвремено породување. – Токму затоа ви најавуваме бесплатна програма за скрининг на предвремена прееклампсија во првиот триместар, по алгоритмот на Фондацијата за фетална медицина (FMF). Овој напреден скрининг метод…

(ГАЛЕРИЈА) ГОДИШЕН ФОРУМ НА РЕГИОНАЛНАТА АЛИЈАНСА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА РАК НА ГРЛОТО НА МАТКАТА ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА И ЦЕНТРАЛНА АЗИЈА

Македонска делегација предводена од членови на Националната комисија за рана детекција и скрининг на рак на грло на матка на Република Северна Македонија, Националниот комитет за имунизација при Министерството за здравство и претставници на UNFPA, учествуваа на Годишниот форум на Регионалната алијанса за превенција на рак на грлото на матката во Источна Европа и Централна…

(ВИДЕО) Миом на матка

Асс. д-р Влатко Ѓиревски гостин во емисијата „Добриот доктор“ на телевизија Сител на тема: „Миом на матка“. – Кои се причините за негова појава? Кои фактори придонесуваат тој да се развие за време на менопауза кај жената? Кои се симптомите? Какви видови постојат и на кој дел од матката се јавува? Дали и помлади жени…