(ФОТО) Едукативни трибини за менопауза – Со добри патокази полесно ќе се изоди!

Телеком, средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“, АД Водостопанство на РСМ, општина Аеродром, ПИОМ… Гинеколози од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство одржуваа трибини со вработените на тема „Третман и терапија во менопаузата“ во октомври – месецот посветен на оваа фаза од животот на жената. Секоја жена треба да е информирана за да може подготвено…

За менопаузата гласно и отворено со вработените од НЛБ

Со триесетина слушателки во живо и со 90 вклучени онлајн од експозитурите на НЛБ ширум државата докажавме колку оваа тема е актуелна, недоволно позната за сите кои одат или веќе се во таа фаза на животот. За менопаузата гласно и отворено, сплотени и вработените и докторите заедно со нив. Пофалби до НЛБ која покажува грижа…

Како гласно да се побара помош во фазата на менопауза?

18 Октомври, Светски ден на менопаузата под мотото „Третман и терапија во менопаузата“ се одбележува во светот, но и кај нас. Тимот на Клиниката за гинекологија и акушерство со години наназад го одбележува овој ден со цел да ја подигне свесноста за оваа физиолошка фаза во животот на секоја жена, како кај жените, така и…

(ГАЛЕРИЈА) Едукативна трибина за менопауза во општина Кисела Вода

Во пресрет на 18 октомври, Светскиот ден на менопаузата, стручниот тим на ЈЗУ У ГАК преку едукативни трибини е поблиску до секоја жена. На едукативната трибина во општина Кисела Вода на тема „Третман и терапија на менопаузата“, присутните поставуваа прашања, а одговараа асс. д-р Влатко Ѓиревски и психолог Маја Исаакиду од Универзитетската клиника за гинекологија…

(ВИДЕО) За поубави и полесни денови во менопаузата – Совети од доц. д-р Анета Сима

Секоја дополнителна информација е уште една можност кон превенција и решавање на проблемите во периодот на менопауза. За поубави и полесни денови во менопаузата слушнете ги советите од доц. д-р Анета Сима од ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.

(ВИДЕО) Сè што жените треба да знаат за менопаузата – асс. д-р Софија Златеска Ѓуриќ

Продолжуваме со темата за менопаузата. На само неколку дена пред одбележувањето на 18 октомври, Светскиот ден на менопаузата, гостување на д-р Софија Златеска Ѓуриќ, гинеколог и акушер на Клиниката за гинекологија и акушерство, во „Фактор здравје“ на ТВ 24.

(ВИДЕО) „Третман и терапија во менопауза“ – асс. д-р Марија Јоксимовиќ

На тема „Третман и терапија во менопауза“, проследете го телевизиското гостување на асс. д-р. Марија Јоксимовиќ, во пресрет на Светскиот ден на менопаузата – 18 октомври.

ПРОЛАПС НА МАТКА

Пролапс на матката, односно попуштање на грлото на матката се јавува кога мускулите на карлицата и лигаментите се опуштаат и ослабуваат, со што не пружаат доволна поткрепа на матката, при што таа се лизга надолу и излегува од вагината.