Врз основа на член 155-ѓ, 155-ж став 1,2,3,4 и 5, 156, 157 став 1 алинеја 1, член 158, 159, 160 и 161 од Законот за здравствена заштита (Службен весник на Република Македонија бр.43/12, бр.145/12, бр.87/13, бр.164/13, бр.39/14, бр.43/14, бр.132/14, бр.188/14, бр.10/2015, бр.61/15, бр.154/15, бр.17/16, бр.37/16, и 20/19 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.101/19, бр.153/19, бр.180/19, 275/19, 77/21, 122/21, 178/21, 150/22, 236/22, 199/23, 236/23, 263/23, 30/24, 74/24 , 170/24 и 31/26), член 20-г од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на Република Македонија бр.27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19, 14/20 и 208/24), а согласно член 22 и член 23 од Законот за работни односи (Службен весник на Република Македонија бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 27/16 и 120/18, 110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25, 74/25 и 124/25), Правилникот за систематизација на работни места на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје бр.0101-2362/1 од 04.11.2019 година, Позитивно мислење на годишен план за вработување од Министерство за јавна администрација на РСМ бр.04-1349/9 од 12.11.2025 година, Согласноста за обезбедени финансиски средства од Министерство за финансии на РСМ бр.17-11695/3 од 06.07.2026 година (наш арх.бр. 04-892/12 од 13.07.2026 година), како и Одлука за распишување на јавен оглас бр.04-1129/2 од 21.07.2026 година, Директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на здравствен соработник на неопределено време
- ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје има потреба за вработување на неопределено време на:
- 1 (едно) лице на работно место-дипломиран биолог
- 2. Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови и тоа:
- да е државјанин на РСМ;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност;
- да не му е изречена со правосилна одлука забрана за вршење професија, дејност или должност
- Покрај со закон утврдените општи услови под точка 2, кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
3.1 За кандидатот под точка 1.1 дипломиран биолог
- завршено високо образование во соодветната област, со стекнати најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен.
- познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски)
- работното искуство ќе се смета за предност
- Во прилог на пријавата кандидатите треба да достават:
- пријава со лична биографија (CV) задолжително со податоци за контакт (адреса на живеалиште или престој, број на телефон и емаил адреса) и мотивациско писмо;
- уверение за државјанство на РСМ не постаро од 6 месеци (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- лекарско уверение за општа здравствена способност не постаро од 6 месеци (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- уверение-потврда дека не е изречена правосилна забрана за вршење на професија, дејност или должност не постаро од 6 месеци (оригинал или фотокопија заверена на нотар)
4.1. Во прилог на пријавата кандидатот за исполнување на посебните услови за работно место под точка 1.1 дипломиран биолог е должен да ги достави и следните документи:
- уверение (диплома) за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, од областа на природно математички науки – биолошки науки, хемиски науки (оригинал или заверено на нотар);
- сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење (оригинал или заверено на нотар);
- сертификат за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на ЕУ (англиски, француски, германски) (оригинал или заверено на нотар);
- доказ за работно искуство (оригинал или фотокопија заверена на нотар)
Распоред на работно време
- работно време од 40 часа неделно, 5 работни дена во неделата.
- основна нето плата 43.683 денари
- Рокот за пријавување на јавниот оглас е 5 (пет) дена од денот на објавувањето на огласот.
- 6. Ненавремена, нецелосна и неуредна документација нема да биде предмет на разгледување од страна на Kомисијата за селекција на кандидати.
- 7. По извршената селекција за пријавените кандидати за работно место под точка 1.1 кои ги исполнуваат условите согласно јавниот оглас, ќе биде спроведен квалификационен испит согласно член 160 од Законот за здравствена заштита.
- 8. Изборот на пријавените кандидати го врши работоводниот орган врз основа на член 161 од Законот за здравствена заштита, согласно ранг-листа предложена од комисијата за селекција.
- 9. Пријавата со целокупната потребна документација и телефон за контакт, да се достави до ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје на ул. „Мајка Тереза” бр.17, по пошта или во архивата на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, a со назнака за „Јавен оглас за вработување”.
ЈЗУ УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО – СКОПЈЕ









