Врз основа на член 155-д, 155-е, 155-ж став 1,2,3, 4 и 5, 156, 157 став 1 алинеја 1, член 158, 159, 160 и 161 од Законот за здравствена заштита (Службен весник на Република Македонија бр.43/12, бр.145/12, бр.87/13, бр.164/13, бр.39/14, бр.43/14, бр.132/14, бр.188/14, бр.10/2015, бр.61/15, бр.154/15, бр.17/16, бр.37/16, и 20/19 и Службен весник на Република Северна Македонија бр.101/19, бр.153/19, бр.180/19, 275/19, 77/21, 122/21, 178/21, 150/22, 236/22, 199/23, 236/23, 263/23, 30/24, 74/24, 170/24, и 31/26), член 20-г од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на Република Македонија бр.27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19, 14/20 и 208/24), а согласно член 22 и член 23 од Законот за работни односи (Службен весник на Република Македонија бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 27/16 и 120/18, 110/19, 267/20, 151/21, 288/21, 111/23, 39/25, 74/25 и 124/25), Правилникот за систематизација на работни места на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје бр.0101-2362/1 од 04.11.2019 година, Позитивно мислење за годишен план за вработување од Министерство за јавна администрација на РСМ бр.04-1349/9 од 12.11.2025 година, Согласноста за обезбедени финансиски средства од Министерство за финансии на РСМ бр.17-12516/3 од 27.07.2026 година (наш архивски број 04-961/14 од 05.08.2026 година), како и Одлука за распишување на јавен оглас бр. 04-1236/2 од 14.09.2026 година, Директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје распишува
ЈАВЕН ОГЛАС
за вработување на здравствени работници и помошно-технички лица
на неопределено време
- ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје има потреба за вработување на неопределено време на:
- 2 (две) лица на работно место-медицинска сестра со ССС;
- 1 (едно) лице на работно место-лаборантски техничар со ССС;
- 4 (четири) лица на работно место- работник со ССС-одржувач на хигиена и разнесувач на пациенти и медицински материјали;
- 2. Сите кандидати треба да ги исполнуваат општите услови и тоа:
- да е државјанин на РСМ;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност;
- да не му е изречена со правосилна одлука забрана за вршење професија, дејност или должност
- Покрај со закон утврдените општи услови под точка 2, сите кандидати треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
3.1 За кандидатот под точка 1.1– медицинска сестра со ССС
- завршено средно медицинско образование;
- положен стручен испит;
- познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- со или без работно искуство
3.2 За кандидатот под точка 1.2.-лаборантски техничар со ССС
- завршено средно медицинско образование;
- положен стручен испит;
- познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- со или без работно искуство
3.3 За кандидатот под точка 1.3.- работник со ССС-одржувач на хигиена и разнесувач на пациенти и медицински материјали
- завршено средно образование;
- со или без работно искуство
- Во прилог на пријавата сите кандидати треба да достават:
- пријава со лична биографија (CV) задолжително со податоци за контакт (адреса на живеалиште или престој, број на телефон и емаил адреса) и мотивационо писмо;
- уврение за државјанство на РСМ не постаро од 6 месеци (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- лекарско уверение за општа здравствена способност не постаро од 6 месеци (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- уверение-потврда дека не е изречена правосилна забрана за вршење на професија, дејност или должност не постаро од 6 месеци (оригинал или фотокопија заверена на нотар)
4.1. Во прилог на пријавата кандидатот за исполнување на посебните услови за работно место под точка 1.1 медицинска сестра со средно медицинско образование е должен да ги достави и следните документи:
- уверение (диплома) за завршено средно медицинско образование за медицинска сестра (со просек на успех) и тоа свидeтелства од сите 4 (четири) години во кое е наведен успехот за секоја година посебно (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- доказ за положен стручен испит (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- доказ за работно искуство доколку го има (оригинал или фотокопија заверена на нотар)
Распоред на работно време
- работно време од 40 часа неделно во смени
- основна нето плата 36.823,00 денари
4.2. Во прилог на пријавата кандидатот за исполнување на посебните услови за работно место под точка 1.2 лаборантски техничар со средно медицинско образование е должен да ги достави и следните документи:
- уверение (диплома) за завршено средно медицинско образование за лаборантски техничар (со просек на успех) и тоа свидeтелства од сите 4 (четири) години во кое е наведен успехот за секоја година посебно (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- доказ за положен стручен испит (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- доказ за работно искуство доколку го има (оригинал или фотокопија заверена на нотар;
Распоред на работно време
- работно време од 40 часа неделно во смени
- основна нето плата 36.823,00 денари
4.3. Во прилог на пријавата кандидатот за исполнување на посебните услови за работно место под точка 1.3- работник со ССС-одржувач на хигиена и разнесувач на пациенти и медицински материјали е должен да ги достави и следните документи:
- диплома за завршено средно образование (оригинал или фотокопија заверена на нотар);
- доказ за работно искуство доколку го има (оригинал или фотокопија заверена на нотар)
Распоред на работно време
- работно време од 40 часа неделно во смени
- основна нето плата 29.672,00 денари
- 5. Рокот за пријавување на јавниот оглас е 5 (пет) дена од денот на објавувањето на огласот.
- Ненавремена, нецелосна и неуредна документација нема да биде предмет на разгледување од страна на Kомисијата за селекција на кандидати.
- По извршената селекција само за пријавените кандидати за работно место под точка 1.1; и 1.2 кои ги исполнуваат условите согласно јавниот оглас, ќе биде спроведен квалификационен испит согласно член 160 од Законот за здравствена заштита.
- Пријавата со целокупната потребна документација и телефон за контакт, да се достави до ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје на ул. „Мајка Тереза” бр.17, по пошта или во архивата на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, a со назнака за „Јавен оглас за вработување”.
ЈЗУ УНИВЕРЗИТЕТСКА КЛИНИКА ЗА ГИНЕКОЛОГИЈА И АКУШЕРСТВО – СКОПЈЕ








