На 18 октомври се одбележува Светскиот ден на менопаузата, чија цел е да се подигне свеста за оваа фаза од животот и да се промовира одржување на женското здравје и благосостојба.
На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје по овој повод ќе се организира недела на бесплатни прегледи и консултации на пациентки во менопауза, во периодот од 17 до 21 октомври, од 14 до 20 часот.
– понеделник (17.10) – асс. д-р Даниел Милковски
– вторник (18.10) – доц. д-р Анета Сима
– среда (19.10) – асс. д-р Димитар Калчовски
– четврток (20.10) – асс. д-р Наташа Илиева
– петок (21.10) – асс. д-р Ева Созовска Белчовска
Целта на оваа активност е да се подигне свеста кај пациентките, да им се објасни сè она што би сакале да го дознаат во врска со оваа состојба, да добијат совет и да се насочат кон дополнителни иследувања, терапија и слично.
Секоја година во светски рамки се одбележува овој ден на различен начин – со предавања, трибини, советувања, превентивни прегледи и со дружби.
Темите се различни и обработуваат по еден органски систем кај жените – годинава фокусот е ставен на грижата за менталното здравје (темата е расположение, когнитивна состојба кај жените во менопауза).
доц. д-р Анета Сима
ЈЗУ У ГАК – Скопје
Линкови од гостувањата на ТВ
https://www.youtube.com/watch?v=cmJrFIM0oew