ЈЗУ Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство е најголемото родилиште во државата, а воедно и установа со најголем гинеколошко хируршки капацитет.
ЈЗУ У ГАК е постојано изложена пред предизвикот на стотиците редовно закажани пациенти кој секојдневно циркулираат во 12- те специјалистички амбуланти, 33 –те хируршко гинеколошки и акушерски одделенија, двете интензивни одделенија за возрасни и најголемото одделение за интензивна нега и терапија за предвреме родени новороденчиња, но и пред предизвикот на сите итни случаи кои ширум државата ги транспортираат своите пациенти на нашата клиника. На клиниката функционираат и 2 административни сектора и 1 сектор кој е задолжен за техничко одржување и 24 часовно непречено функционирање на клиниката.
Клиниката располага со 478 вработени кои секојдневно се на располагање на сите пациенти.
За се ова да функционира беспрекорно деновиве беше назначена нова менаџерка на клиниката.
Проф. Д-р Ирена Алексиовска Папестиев е новата директорка на клиниката која во наредните години ќе треба да ги менаџира сите процеси на клиниката.
Висококвалификуван доктор со долгогодишно професионално искуство и специјализација која покрива медицинско, хируршко, акушерско и гинеколошко познавање и вештини за превенција, дијагноза и управување со широк опсег на состојби кои влијаат на општото и репродуктивно здравје на жените.
Професор Д-р Алексиовска Папестиев се издвојува уште од студентските денови како најдобар студент во генерацијата со просек 9,97 и просек од 10 на своите докторски студии. На Клиниката за гинекологија и акушерство е вработена од 2009 година.
Во меѓувреме во нејзиното богато професионално искуство се врбројуваат нејзиниот секојдневен ангажман со пациентите во операционата сала, како и во оној кога на свет ги пречекува најмалите, но и нејзината професорска работа едукцирајќи ги идните млади доктори со целиот ентузијазам кој во себе го носи.
Од нејзините други професионални ангажмани издвојуваме:
- Проф. Д-р Ирена Алексиовска Папестиев е и инструктор на Managing Obstetric Emergencies and trauma (MOET) training course од 2012 до денес;
- Акредитиран испитувач за спорведување на стручен испит на здравствените работници со високо образование, за добивање на лиценца при Лекарската комора
Од 2014 – 2016;
- Национален консултант за УНИЦЕФ при развивање на националната методологија на ревизија на перинаталната смртност и обука за развој на капацитетите на националната работна група, 2018 – 2020;
- Стручно лице на работната група за пополнување на инструментот на УНИЦЕФ ,,Every Newborn Action Plan,, одобрена од Министерството за здравство од 2017 до денес;
- Стручно лице на работна група за предлагање на пилот активности предвидени во Програмата за заштита на населението од ХИВ/СИДА за 2016 и целосна изработка на наовата програма за заштита на населението од ХИВ?СИДА за 2017 г., како и подготовка на критериуми за избор на граѓански здруженија кои имаат можност да бидат вклучени во Регистарот на Здруженија на граѓани на РС Македонија при Министерството за здравство во 2016г.;
- Член на Комисијата за квалитет и акредитација на Клиниката – Управување со ризик и безбедност на пациенти, 2021;
- National Focal Point for Roadmap to aacelerate elimination of cervical cancer as a public problem in the WHO Europian Region 2022-2030, 01.03.2022, Mynistry of Health;
- Член на Националната комисија за рана детекција и скрининг на рак на грло на матка во РС Македонија, 31.05.2022;
- Член на бордот на Јужно источен форум за Хуман папилома вирус, 2022 до денес;
- Член на МЕНСА – Македонија , 2001 до денес;
- Член на Македонскоо медицинско здружение од 2016 до денес;
- Член на Македонско здружение на гинеколози и акушери од 2009 до денес;
- Член на Advancedlife support group ;
- Член на Хрватско здружение за минимално инвазивна хирургија во гинекологијата од 2015 до денес;
- Стручно лице на Комисија за јавни набавки – овластена како експерт со две обуки од 2014 – 2017;
- Ангажирано лице како експерт од страна на Фондот за иновации и технолошки развој од 2018 до денес;
Професор Д-р Алексиовска Папестиев од медицинскиот факултет во Скопје својата едукација ја продолжува и низ светските центри во Англија, Финска, Израел, Хрватска, Италија, Шпанија и др.
Автор е и коавтор на бројни трудови, учесник е и предавач на многу светски конгреси, симпозиуми, семинари, проекти и др.
Освен мајчиниот јазик, ги зборува и англискиот, италијанскиот, шпанскиот, германскиот и хрватскиот јазик.
Мајка е на две ќерки.
Познавајќи го нејзиниот професионален однос кон работата, неверојатната дисциплина како една од најдобрите и најпосакувани карактеристики на човекот, амбициозноста и перфекционизмот во досегашното работење, неколкуте награди и признанија, визијата која оди во светски рамки, елоквентноста, а пред се основната нота на нејзината личност и професија – хуманоста, клиниката во наредниот период може да очекува уште поголеми успеси и потврда за највисоко ниво на стручност и професионаност.