ПОСТПАРТАЛНА ХЕМОРАГИЈА И ЕНДОМЕТРИТИС

Сомнеж за абнормално крвавење или ендометритис се појавува доколку лохиите добијат светло црвена боја и имаат непријатен мирис, или доколку пациентката има абдоминална болка во долниот дел на абдоменот или ако има покачена телесна температура. Кај ендометритис со изразени симтоми, потребна е интравенска, антибиотска терапија. Нормални лохии се оние каде постпарталниот исцедок вообичаено трае 4-6…

Крвавење во доцна бременост

На бремена жена која крвави не се прави вагинален преглед. Таа треба веднаш да се упати во болница. Ако е неопходно, треба да се изврши консултација со обстертричарите во болница. Најчести причини за тоа се: крвавење поврзано со започнување на породувањето, контракции и отворање на маткиното устие, крвавење предизвикано од вагинален преглед, посткоитално крвавење, крвавење…

Крвавење во бременост (прв и втор триместар, пред 28-та гестациска недела)

Кога има крвавење пред 22-та гестациска недела се препорачува мирување, ако крвавењето е минимално, а контракциите ретки. Ултразвук се препорачува ако е возможно (жив плод е добар прогностички знак). Доколку се појави обилно крвавење или е присутна сериозна болка, пациентката треба да се упати на гинеколошко акушерска клиника. Ако спонтаниот абортус е комплетен и пациентката…

Гестациски трофобластни болести

За гестациска трофобластна болест може да се посомнева доколку кај трудницата се појави ненадејно вагинално крвавење или доколку по абортус или породување, лохиите перзистираат абнормално долго време. Дијагнозата се поставува врз основа на ултразвучен преглед и одредување на серумско β hCG. Моларна бременост (Mola Hydatidosa) е болест на плацентата која се карактеризира со трофобластна хиперплазија…

ГРИЖА ЗА РОДИЛКА ПО ЦАРСКИ РЕЗ

По царскиот рез жените треба да бидат надгледувани директно од страна на соодветно обучен персонал се додека не си ја повратат силата, кардио- респираторната стабилност и можноста за комуницирање. Здравствените работници треба да знаат дека иако е ретко, сепак се случува жените по царскиот рез да имаат потреба од интензивна нега (9 на 1000 случаи).…

ГРИЖА ЗА БЕБЕТО ПО РАЃАЊЕТО СО ЦАРСКИ РЕЗ

Соодветно квалификувано лице за реанимација на новороденото дете треба да биде присутно за време на царскиот рез кој се изведува под целосна анестезија, или тогаш кога има можност за загрозување на живото на новороденчето. Кај новороденчињата родени со царски рез постои поголема веројатност за пониска телесна темепратура и термалната нега треба да биде во согласност…

ХЛАМИДИЈАЛЕН УРЕТРИТИС И ЦЕРВИЦИТИС

Потребно е да се дијагностицира болеста и да се третира пациентот навреме за да се избегнат сериозните компликации на пролонгираната или рекурентната инфекција (пелвична инфламаторна болест, неплодност, ектопична бременост). Со цел да се спречи ширењето на хламидијалната инфекција, сексуалните партнери на инфицираниот пациент треба да се прегледаат и третираат. За обемот на испитувања при сомнеж…

ПОСТМЕНОПАУЗНА ХОРМОН – ЗАМЕСТИТЕЛНА ТЕРАПИЈА (ХЗТ)

Конечната одлука за почнување со третман ја донесува пациентката. Дискутирајте ги алтернативите на хормонската терапија. Колку е помлада пациентката при менопауза, толку поскоро треба да се започне со третманот. Додајте прогестерон на естрогената терапија кај жени со интактен утерус. Примарна индикација за посменопаузна ХЗТ е третман на менопаузалните симптоми. Индикации за ХЗТ се менопаузални симптоми…

ИНСЕМИНАЦИЈА И ИВФ

Причините за лош спермиограм често се непознати, затоа третманските опции за машкиот супфертилитет се малку. Доколку квалитетот на спермата е умерено влошен, се употребуваат инсеминација или ИВФ. За време на интраутерината инсеминација (ИУИ), спермата се инјектира во кавумот на матката. Пред тоа, спермата мора да се сепарира („измие“) од семиналната плазма. Во текот на истиот…

НЕПЛОДНОСТ

Околу 15 % од сите двојки страдаат од неплодност во некој период од животот. Во најголем број случаи се работи за намалена фертилност (супфертилност), односно, потребно е повеќе од една година да се забремени. Стерилитетот претставува комплетна неможност да се забремени и е релативно редок. 80-85% од двојките кои имаат сексуални односи без употреба на…